Специјалниот известувач на ЕУ Крамон порача Приштина да не праќа полиција во северно Косово

by Fokus

Специјален известувач за Косово во Европскиот парламент Виола фон Крамон оцени, по повод последната ескалација на насилството во покраината, дека Приштина не требало да испраќа полиција во северно Косово без меѓународна поддршка.

Таа вчера по разговорот со приштинските власти додаде дека тоа не е мудра одлука и оти прашањето за влез во општинските згради треба да биде дел од дијалогот, пренесува „Коха“.

Таа рече и дека вооружените сили во тој дел на Република Косово можат да бидат застрашувачки за обичните граѓани.

Фон Крамон изјави дека е сомнително, дури и ако де јуре, или правно гледано, Приштина постапува во согласност со своите правни акти, влегувајќи во општинските згради со помош на специјални полициски сили.

Поврзани новости