Спасувачи открија тела на 34 студенти по теологија

by fokus

Индонезиски спасувачи открија тела на 34 студенти по теологија во црква на островот Сулавеси, кои настрадале во земјотресот во петокот, соопшти претставничка на локалниот Црвен крст.

Аула Ариани прецизира дека 86 студенти, кои учествувале на миса во областа Сиги Биромару, во северниот дел на островот, прво се сметале за исчезнати.

– Спасувачките екипи открија вкупно 34 тела, изјави таа и додаде дека локацијата на која работат спасувачките екипи е тешко достапна и најголемиот проблем е што треба да се движат пеш по кал час и половина, носејќи ги телата.

Според податоци на индонезиските власти, во земјотресот и цунамито загинале најмалку 844 лица, но бројот на жртвите не е конечен затоа што спасувачките екипи се уште не стигнале до некои од тешко достапните области.

Според други извори, во земјотртесто загинале повеќе од 1.200 лица.

Поврзани новости