Спасовски: За СДСМ договорот од Пржино не е повеќе активен

by Фокус 15:17
15:17

Со одлуката на Советот на јавни обвинители денеска е прекршен Договорот од Пржино и Законот за специјалното јавно обвинителство, изјави генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, пред Клубот на пратеници, каде досега се одржуваше средбата на работните групи за изборната регулатива.

– Ние сега се повлекуваме од преговорите на консултации во партијата. За нас Договорот од Пржино не е повеќе активен. За сите следни чекори кои ќе ги преземеме понатаму, ќе бидете информирани, изјави Спасовски.

- Advertisements -

На новинарско прашање за изборниот закон, Спасовски рече дека тоа е сега ирелевантно и дека тие нема да дозволат да потпишат уште еден договор кој ќе биде палома хартија.

Поврзани новости