СДСМ утре ќе информира што по напуштањето на преговорите

by Фокус 17:29
17:29

Откако СДСМ денеска соопшти дека за нив договорот од Пржино веќе не е активен, зашто Советот на јавни обвинители избра само 7 од обвинителите кои ги предложи Катица Јанева, лидерот на опозицијата, Зоран Заев, во изјава за БИРН ја потврди оваа одлука.

-Ние се повлекуваме од преговорите, на консултации во партијата. За нас, договорот од Пржино не е повеќе активен. За сите следни чекори кои ќе ги преземеме понатаму, ќе информираме утре, изјави за БИРН претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

- Advertising -

СДСМ ја демантираше и изјава на посредникот во преговорите, Питер Ванхојте, кој рече дека денеска бил постигнат договор за изборниот законик. Според партијата, договор не е постигнат, а утре кога нивниот лидер ќе се врати од Израел, ќе се планираат наредните чекори.

Поврзани новости