Спасовски за дојавите за бомби: Оваа хибридна војна не е само кај нас

by Fokus

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска потврди дека утрово имало дојави за поставени експлозивни направи во девет училишта и во НБРСМ според истиот модус кој е дел од т.н. хибридна војна што се води, не само кај нас.

– Ова е класичен пример на хибридни закани. За среќа што тоа се напади што доаѓаат по електронски пат, односно дојави и што безбедноста апсолутно не се нарушува, посебно да земеме предвид дека НБ е 24 обезбедена, изјави Спасовски, по денешната посета и средби во СВР – Струмица.

Дециден е дека се преземаат максимално мерки, со нашите стратешки партнери, како што рече, со цел да обезбедиме доказ за било каков аспект.

– Загриженоста е голема, меѓутоа и целта на ваквите хибридни напади е токму тоа. Да се воспостави немир кај граѓаните, да има несигурност, да се влијае на институциите, да се трошат безбедносните служби во државата. Ефикасно се работи од страна на полицијата и сите служби што се вклучени во тој дел. Имаме брзи проверки што ги имаме или напатствија веќе не само во училиштата и во другите институции како се постапува во таков случај, појасни Спасовски.

Поврзани новости