Спасовски за акцијата во Љуботен: И домаќините од селото се против тие кои трпаат милиони во џеб на незаконски начин

by fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешната собраниска седница говореше за полициската акција во Љуботен и случајот со запленет тутун во ова село.

„Не се цел на било каква акција жителите на Љуботен. Акцијата беше спроведена на 13 локации каде се извршени претреси. Од 400-500 куќи во Љуботен, претрес е извршен само во девет објекти. Околу 14 тони на тутун е запленет и повеќе од 95 отсто се работи за тутуно-трговија која е незаконска активност. Запленети се пет машини за режење на тутун. Оваа акција е планирана подолго време и се прибирани повеќе докази. Јас знам дека секој граѓанин, кој е домаќин нема потреба од никаков страв, кој со сопствена пот си го заработува лебот. Знам дека и тие се против луѓето кои на незаконски начин трпаат милиони во џеб“, истакна Спасовски.

Поврзани новости