Алими: Зошто воени возила влегоа во Љуботен, тутунот е вековна дејност во овој крај

by Фокус

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими, на денешната парламентарна седница го праша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски зошто дозволил спектакуларна полициска акција при заплената на тутун во Љуботен и зошто надлежните институции не спречиле тутунот да стигне до ова место?

-Познато е дека Љуботен произведува тутун, тоа е вековна дејност во овој крај. Која беше целта воени средства, возила и хермелини да одат во Љуботен? Не сакам да верувам дека министерот Спасовски дозволил спектакуларна акција со војнички возила. Доколку сте ги викнеле да се пријават во станица, сигурен сум дека луѓето ќе донесеа примероци на испитување – рече Алими, додавајќи дека треба да се истражат главните организатори на шверцот со тутун, а не, како што вели, лицата што се занимаваат со оваа земјоделска дејност.

Министерот Спасовски, пак, одговори дека оваа истрага е водена од страна на Финансиската полиција и е спроведена со поддршка на МВР врз основа на наредба од Јавното обвинителство.

Поврзани новости