Началник вработен во Министерството за внатрешни работи е фатен со фалсификувана диплома, и за тоа сега се води постапка, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера во интерву за телевизијата Нова.
– Ние и преку проектот „Вистината за Македонија“ кажувавме дека институциите се партизирани до крај, криминализирани.. Тоа мора да се санкционира. Мора системот да профункционира. Кога говорам за таквата ситуација, еве сега и од аспект на министерството, мора да им се даде шанса на луѓето кои се стручни и компетентни, за разлика од тоа што се правело до скоро. Еве во МВР на висока позиција со години има еден заменик началник кој што има фалсификувана диплома и за кој е отворена постапка. За тоа говорам јас. Системот ако функционира и ако навистина поставуваме луѓе кои се стручни и компетентнио во својата област тогаш ќе ја вратиме довербата во граѓаните – додава Спасовски.