Заев: Без прочистен избирачки список и реформи во медиумите нема услови за фер избори

by Фокус

Без прочистен избирачки список, нема услови за фер избори, истакна лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев денеска на средба со жителите на Радовиш. Според него, теренска проверка мора да има, согласно методологијата што ја утврдиле сите членови на ДИК.

-Кога излегоа фантомите и спорните гласачи на виделина почнаа да бегаат од теренска проверка. Мора да има теренска проверка согласно метологијата што ја утврдија и ја поддржаа сите членови на ДИК. Без прочистување на избирачкиот список нема фер, регуларни и демократски избори. Затоа нема дилема. Стоиме на браникот на правичноста, на вистината. Тоа што е за теренска проверка мора да оди на теренска проверка. Се друго е неприфатливо – истакна Заев.

Поврзани новости