Потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се појави заедно со кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ Оливер Илиевски на средба со граѓаните на Романовце и Пчиња, каде изјави дека комуникацијата со граѓаните и решавањето на проблемите ностануваат еден од главните приоритети на СДСМ.
-За таа цел, како одговорна социјалдемократска партија, ќе воведеме дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните, како и постојана, брза, ефикасна размена на информации за услуги од надлежност на локалната самоуправа, соработка со НВО секторот и учество на нивен претставник како соработник на кабинетот на градоначалникот – рече Спасовски.
Воедно, тој рече дека кандидатот за градоначалник Илиевски е „човек од доверба, искрен, чесен, домаќини, како и близок до граѓаните“.
-Помеѓу градоначалникот и граѓаните не треба да има посредници или бариери. Само директната, редовна и двострана комуникација може да создаде систем за брза реакција на проблемите во општината. Оливер Илиевски ќе биде целосно достапен секојдневно за граѓаните за секој еден проблем да се најде решение – истакна Спасовски.