Спасовски: ВМРО нудело поткуп за глас на изборите

by Фокус 16:04
16:04

 

Двајца граѓани на Прилеп пријавиле нудење на поткуп во име на ВМРО-ДПМНЕ за глас на изборите, информираше денеска во Битола министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Поднесена е кривична пријава, известен е јавниот обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ваквите работи се недозволиви и доколку се случуваат ќе има енергична реакција на МВР – рече Спасовски.

- Advertisements -

Тој апелира до граѓаните доколку забележат ваков или било каков случај на злоупотреба од било кој политички субјект веднаш да го пријават во полициската станица.

Поврзани новости