Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ се обиде да ја саботира акцијата „Двојник“

by fokus

Министерот Оливер Спасовски на вечерашната прес конференција рече дека во акцијата на апсење на групата која издавала пасоши со туѓ идентитет вчера и денеска се соочиле со саботажа од страна на партијата ВМРО ДПМНЕ и лидерот Хрстијан Мицкоски.

-Сакам да кажам дека е недозволиво да се саботира ваква работа и да го демантирам денешното тврдење дека акцијата за лажни пасоши започнала во времето кога министерувал Наќе Чулев во техничката влада. Оваа акција во соработка со Интерол и Американската амбасада е почната на 20 фебруари 2019 година и ноторна лага е дека во времето на Чулев почнала истрагата. На обвинителството им е пратен извештај тие го вратиле,истрагата е при крај, рече Спасовски.

Министерот Спасовски посочи дека истрагата е при крај и дека на следната прес конференција ќе ги соопштат сите детали од истрагата, но и детали за неуспешниот обид за саботажа со кој се соочиле.

Поврзани новости