Оливер Спасовски одржа прес конефернција откако Владата одлучи да ги поништи сите одлуки на министрите и замениците-министри од СДСМ. Тој за ваквиот потег на власта вели дека е противзаконски.
-Нашите оставки, како министри и дополнителни заменици-министри, поднесени до техничкиот премиер од ВМРО-ДПМНЕ, не беа констатирани, спротивно на нашата волја. Владата, предводена од техничкиот премиер на ВМРО-ДПМНЕ, направи ново прекршување на договорот од Пржино. Донесе противзаконска одлука за поништување на сите правни акти на министрите, донесени пред поднесување на оставките, рече Спасовски.
Според него, со ваквата одлука ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги прават изборите невозможни бидејќи ова е техничка влада за спроведување на фер избори, и сите одлуки поврзани со изборите, како што рече тој, мора да бидат потврдени од опозицијата.