Средба Величковски – Бејли: За кредибилни избори има уште обврски да се исполнат

by Фокус 16:25
16:25

Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, денеска во просториите на партијата оствари средба со американскиот амбасадор, Џес Бејли, на којa било разговарано за политичката ситуација  во земјата, особено по распуштањето на Собранието и за спроведувањето на обврските од Договорот од Пржино.

-Според Либералната партија, се покажа дека продуктивен производ на Пржинскиот договор е Специјалното јавно обвинителство. Како и досега, ја поддржуваме и не ја коментираме неговата работа. Во останатите домени, сегашната криза е резултат на длабоката одбивност на партиите, а особено на власта, да се спроведат суштински и нужни реформи за европска и евро-атланска Македонија, бил ставот на Величковски.

- Advertising -

Од партијата велат дека заклучокот од сребдата бил дека Македонија има потреба од кредибилни избори, а за нив  има уште обврски што треба да бидат исполнети.

Поврзани новости