СДСМ: Груевски се плаши од слободни избори

by Фокус

Никола Груевски се плаши од слободни, фер и демократски избори, велат денеска од опозициската СДСМ.

-Во изминатите месеци, граѓаните на Македнија видоа и слушнаа зошто Никола Груевски и неговите сателити бегаат од фер и демократски избори, зошто го прекршуваат Договорот од Пржино, зошто нема реформи за слободни медиуми, зошто не е прочистен Избирачкиот список. Бандата предводена од Никола Груевски е фатена во криминал. Во страв од соочување со одговорноста за криминалот и корупцијата Никола Груевски прави се за да ја спаси сопствената кожа, се вели во соопштението на СДСМ.

Од партијата вела дека не може со лажни анкети да се сокрие вистината дека граѓаните сакаат слободни, фер и демократски избори.

Поврзани новости