Спасовски: Цената за тестовите од 4.950 денари е за целата услуга, приватните лаборатории имаат помалку вработени

by fokus 19:18
19:18

Премиерот Оливер Спасовски во денешното гостување на Канал 5 рече дека чиста манипулација е споредбата на цената за еден тест во приватните лаборатории и цената за еден тест што Фондот за здравство му ја плаќа на Министерството за здравство.

-Државата има тестови. Капацитетите на лабораторииите се ограничени, не можеме да направиме 3.000 тестови на ден, а да не можеме да ги анализираме резултатите. Затоа сега капацитетите се окрупнуваат, се соработува и со приватните лаборатории
Разликата во цена е чиста манпулација. Ако зборуваме за тоа што се пласира во јавноста, тоа е профитерство. Тоа не се голи бројки што можеме да ги спроведуваме. 4950 денари е целата услуга, од тестот, од медицинските лица кои работат на неа. Приватните лаборатории имаат помалку вработени, тежината не е иста, тестот не се прави на ист начин, вели Спасовски.

- Advertisements -

Поврзани новости