Сопствениците на миленици да се организираат според полицискиот час, исклучоци нема да има

by fokus

Премиерот Оливер Спасовски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 на прашањето дали ќе се направат некакви исклучоци за сопствениците на домашни миленици за време на полицискиот час за викенд, рече дека мерката за полициски час треба да се почитува од сите, а граѓаните да се организираат во согласност со неа.

-Мерката треба да се почитува од сите граѓани, и врз основа на мерката секој треба да се организира. Исклучоци не можеме да правиме, се знае како се однесува во вонредна сосотојба. И сите ние треба да се организираме во согласност со одлуките, рече Спасовски.

Поврзани новости