437
Како што можете и самите да се уверите, за само 2 години реализиравме повеќе мерки од тоа што беше ветено во Планот за живот во првите 2 години, изјави потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на денешната посета на Маврово-Ростуша.
-Постојано спроведуваме рефоми што се битни за државата, но и за евроинтеграцијата. Но, процесот на реформи нема да е целосен ако изостанат реформите во правата. Затоа е битно да ја зајакнеме правната држава, да обезбедиме неселективност во правосудството, а тоа ќе го постигнеме со носењето на Законот за Јавно обвинителство кој ќе ги унапреди капацитетите на правната држава. Ветивме правда и правда за сите ќе има – порача Спасовски.
Тој истакна дека мерките и политиките што ги спроведува Владата предводена од СДСМ ги намалуваат трошоците на граѓаните, а враќаат се повеќе пари во семејните буџети.