Заев: Се изборивме демократијата да ја надвладее автократијата, нека е вечна слободата!

by Фокус

Да се чуе гласот на индивидуата, одлуките да се носат по пат на директно или репрезентативно вклучување на граѓаните, да се почитува туѓото мислење, да се слуша и прифаќа критиката – тоа е демократијата – вака премиерот Зоран Заев го честиташе Меѓународниот ден на демократијата.

„Демократијата долго страдаше во Северна Македонија. Слободата, мислата, новинарството и одлучувањето на граѓаните без притисок беа незамисливи. Ама се изборивме, заедно создадовме мнозинство преку кое демократијата ја надвладеа автократијата. Нека е вечна слободата, преку неа ќе ја унапредиме и демократијата“, напиша Заев.

Поврзани новости