Затворен е ресторан во Брвеница, откако петмина гости се затруле од храна

by Фокус

Пет лица со симтоми на труење вчера побарале лекарска помош во Клиниката за инфективни болести откако конзумирале храна во ресторанот Бакал Бакеро од Брвеница, кој е затворен од Државниот санитарен и здравстен инспекторат од ПО Тетово.

Како што соопштија од Министерството за здравство, денеска по добиената телефонска дојава од страна на ЈЗУ-ЦЈЗ Тетово, во врска со труењето со храна во ДПТУУ-Бакал Бакеро експорт импорт ДООЕЛ село Брвеница, Државниот санитарен и здравстен инспекторат од ПО Тетов изврши вонреден координиран инспекциски надзор со претставници од ЈЗУ ЦЈЗ Тетово и инспектори од Агенција за храна и ветеринарство ПО Гостивар.

„Надзорот од страна на ДСЗИ е направен по епидемиолошка индикација односно заради тоа што на ден 14.09.2019 година, во вечерните часови, пет лица со симптоми на труење со храна побарале лекарска помош во ЈЗУ УК Инфективни болести и фебрилни состојби, а кои согласно епидемиолошката анкета конзумирале храна во текот на денот во ресторанот Бакал Бакеро експорт импорт ДООЕЛ од Брвеница, Тетово“, информираат од министерството.

Од таму додаваат дека со цел да се превенира натамошно ширење на евентуално труење со храна, објектот како потнцијален извор на заразна болест, од страна на ДСЗИ ПО Тетово записнички и со службена лента е збранет и затворен за употреба се до добивање на резулати од земените примероци и спроведување на потребни санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки.

Поврзани новости