Техничкиот премиер Оливер Спасовски во „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека пред неколку дека разговарал со поглаварите на верските организации – МПЦ-ОА, ИВЗ и КЦ.
– Разговарав со сите верски лидери и се договоривме дека треба да се почитуваат сите одлуки кои ги донесе Владата – порача Спасовски, додавајќи дека верските водачи треба да знаат оти имаат сериозна одговорност пред верниците и граѓаните.
Тој истакна дека доколку знаел дека градоначалникот Максим Димитриевски и други лица од кризниот штаб на Куманово чекаат резултати за коронавирусот, вчерашниот состанок ќе го одржеле онлајн.
-Денеска разговаравме со епидемиолозите, очекувам утре да ми биде доставена изјавата дека ќе бидам во изолација, односно решението дека треба да бидам во изолација. Ова е момент во кој мора да ги штитиме сите, и домашните, изолиран сум за да не создавам ризик. Тестирањето за тоа дали сум носител на вирусот треба да се направи неколку дена после контактот, поради што најверојатно ќе бидам тестиран во вторник – рече премиерот.