Спасовски: Сите што останале без работа имаат право на надомест ако претходно биле во работен однос 9 месеци

by Фокус

Граѓаните што останале без работа да поднесат барање за паричен надоместок за прекин на работен однос во Центарот за вработување во местото на живеење, во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос, порача на Фејсбук техничкиот премиер Оливер Спасовски.

„Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци пред престанокот на работниот однос“, појасни Спасовски.

Поврзани новости