Спасовски: Секој мора да се вразуми, па дури и Груевски

by Фокус 18:42
18:42

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, при денешната посета на радовишкиот регион, рече дека никој не смее да го опструира специјалниот јавен обвинител, а договорот од Пржино не смее да пропадне и СДСМ нема да го дозволи тоа.

-Не смее да има опструкции. Мора секој да се вразуми, па дури и Груевски, дека законите и договорите мора да се почитуваат и од тоа отстапки нема. Мора да се почитува Договорот од 2 јуни/15 јули, мора да се одговара за злоделата, Македонија мора да победи, изјави Оливер Спасовски.

- Advertisements -

Тој додаде дека Груевски мора да го почитува договорот и да се соочи со сопствениот страв.

-Зад овој Договор стои меѓународната заедница, стојат четирите политички субјекти и нема никој право да го руши договорот особено не оној којшто ставил потпис, без разлика колку се плаши за сопствената судбина и сопствената иднина. Ако треба да се повлече потег во овој момент, најмалку што може Груевски да направи е да го почитува договорот и да се соочи со сопствениот страв, рече Спасовски.

 

Поврзани новости