449
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска го разреши началникот во одделение за полиција во СВР Охрид, Жарко Лазороски, објави Мета.
Жарко Лазороски на местото началник во одделение за полиција во СВР Охрид, беше поставен со наредба од времен карактер, а поради истекување на нејзината важност, на сила стапува одлуката од министерот испратена денеска до началникот на СВР во Охрид.
До назначување на ново кадровско решение на истата позиција, работните задачи ќе ги извршува помошникот-началник во одделението за полиција во СВР во Охрид, Велко Спространов.