Спасовски: Повисоки плати и реформи во образованието

by fokus

Во образованието мораме да направиме темелни и сериозни реформи за да го вратиме достоинството на просветните работници. Да им ги зголемиме платите за да бидат мотивирани за да им пренесуваат знаење на учениците. Да не ги правиме административни работници како што се сега, да пишуваат по дневници и рпограми, а малку да посветуваат внимание на просветниот процес. На Македонија и се потребни вистински образовани и квалитетни кадри, изјави денеска Оливер Спасовски, носител на кандидатска листа во ИЕ2.

Тој додаде дека од СДСМ не ја прифаќаат реформат со која, како што рече, може да се купуваат димпломи во трафика како што е сега случај, таа реформа ја уништува Република Македонија.

-Не прифаќаме толку многу часови за децата во училиштата. Најавуваме, намалување на бројот на часови и предмети кои ќе се изучуваат, бидејќи само на таков начин ќе се подигне квалитетот на образованието. Квалитетот на образованието не значи печатење на книги по Кембриџ, сегашното печатење заради семање на проценти и ставање на пари во приватни џебови, рече Спасовски.

Спасовски истакна и дека ќе го запрат и трендот на иселување на младите.

-Да ја спречиме пљачката во Република Македонија. Да го спречиме егзододусот со иселување на граѓаните од Македонија. Да се избориме за младите во Македонија затоа што тие се нашата иднина. Сега е моментот кога вреди да се бориме за секој глас во Македонија. Ова не е битка на двајца лидери и ова не е битка на две коалиции. Ова е битка на секој граѓанин против криминалот и корупцијата. Затоа ве повикувам, да одработиме храбро, без никаков страв до 11 декември, а на 11 декември масовно да излезе на изборите да ги изненадиме криминалците и да им покажеме дека нашиот глас е посилен од се. Нашиот глас е посилен и од нивните украдени пари и од нивниот страв. Да им покажеме дека не се плашиме од ништо и оттука, од Куманово да започнат промените. Ве повикувам да го заокружите бројот четири на изборите, затоа што тоа е број за промени, број за правда, број за живот во Македонија, истакна Спасовски.

Поврзани новости