Шекеринска: По 11 декември ќе има живот за сите!

by fokus

Носителката на кандидатската листа за пратеници во ИЕ 5 предводена од СДСМ, Радмила Шекеринска за време на денешниот престој во Битола изјави дека планот за живот во Македонија значи дека ќе има живот, ќе има шанси, ќе има правда за сите.

На средбата со битолчани, а во пресрет на вечерашниот митинг на најголемата опозициска партија и коалициските партии, Шекеринска посочи дека програмата овозможува изградба на држава што ќе им припаѓа на сите и која секому нуди еднаква шанса за подобар живот.

– По 11 декември ќе обезбедиме правда за да има живот за сите. Минативе денови во вода паднаа тезите за федерализација и двојазичност, а ги демантираше Артан Груби од ДУИ, изјави Шекеринска.

Поврзани новости