451
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, положи цвеќе на бистата на Бобан Трпков, македонски бранител кој трагично го загуби својот живот како припадник на МВР во 2001 година, а постхумно беше одликуван со медал за храброст.
На својот фејсбук-профил, Спасовски напиша дека со длабока почит го положил цвеќето на бистата на македонскиот бранител.
Во објавата стои и дека во негова чест, денеска се одржал и 21. Меморијален турнир во мал фудбал, на игралиштето каде што растел херојот Трпков.
– Учество земаа припадници на МВР – Специјалната антитерористичка единица Тигар, Единицата за брзо распоредување, Интервентната полиција и СВР Скопје, наведе Спасовски.