Полска подобра од Украина, позната првата четврфинална двојка на Евробаскетот

by Fokus

Кошаркарите на Полска во првото денешно осминафинале ја победија Украина со 94:86 и изборија место меѓу осумте најдобри на Евробаскетот.

Репрезентацијата на Полска во поголем дел од мечот ја имаше резулатската предност. Кошаркарите на Украина резулатски ја добија само втората четвртина.

Се играше во серија, а кога требаше да се смири играта, кошаркарите на Украина пребрзо ги решаваа нападите, што Полјаците го искористија и стигнаа до посакуваниот триумф.

Во победничкиот состав на Полска најефикасен беше Еј Џеј Слотер со 24 поени, со 5 скока и 4 асистенции, додека Матеуш Понитка постигна 22 поени со 9 скока и 6 асистенции, додека Балчеровски постигна 14, а Соколовски 13.

Во редовите на Украина Бобров имаше 15 поени, Пустови и Санон по 13, Михаљук 12 и Ткаченко 10.

Противник на Полска во четврфиналето ќе биде актуелниот европски шампион Словенија.

Поврзани новости