Спасовски открил формулари за 70.000 дупликат возачки дозволи

by Фокус

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска обелодени дека истрагата за скандалот со личните документи зазема скандалозни размери открила оти МВР незаконски печатело лични документи.

„Комисијата формирана да влезе во магацинот со документи и да изврши попис пронашла 70.000 формулари кои не биле евидентирани дека постојат во магацинскиот компјутер. Станува збор за исти документи со исти сериски броеви. Имам признание дека службеник на МВР бил известен дека има дупликат, но не реагирал се до барањето за попис. По најавата за попис тој ја известил фирмата добавувач за дупликати – рече Спасовски.

Според него, можеби со овие формулари се планирало продажба на возачки дозволи.

Поврзани новости