Судот ја укина казната од 600 евра за Ангелова

by Фокус

Судот донесе и сам ја укина пресудата со која ја казни Јасминка Ангелова со 600 ерва за напишан статус на Фејсбук, објави Телма.

Сопругата на генералот Стојанче Ангелов е во судска битка со полицаец кој на протестите лани во мај ја удри по главата. Тој не доаѓаше во судница, а фејсбук статусот на Ангелова бил пренесен од интернет портал, во кој таа се жали на неефикасноста на судот. Судијата ја казни за навреда на судот.

Во жалбата на одлуката Ангелова навела дека таа воопшто не напишала колумна за интернет портал,  туку само бил пренесен статус од нејзин приватен фејсбук профил и тоа без нејзино знаење. Тројцата судии кои ја разгледале жалбата го укинале решението бидејќи судијата не дал ниту еден доказ дека Ангелова го навредила судот.

Судиите заклучиле дека јасно прозлегува дека текстот е од фејсбук ѕидот Јасминка Ангелова, сопруга на генерал Стојаче Ангелов, пишува во решението на судот.

На денешното рочиште прв пат се појави полицаецот кој го тужи за телесна повреда, не успеаа да се смират. За следното рочиште секој ќе ги изнесе своите аргументи , а полицаецот најавува дека ќе донесе над десетина сведоци.

Јасминка Ангелова, сопруга на претседателот на партијата „Достоинство“ Стојанче Ангелов и поранешна инспекторка во МВР, тврди дека за време на протестот против полициската бруталност, во моментот кога демонстрантите се наоѓале пред Јавното Обвинителство нејзин поранешен колега од полициските редови ја удрил по глава од зад грб. Инцидентот се случил во моментот кога таа се приближила на полицијата за се поздрави и фотографира со колега, а еден од полицајците ја удрил без причина.

Поврзани новости