Спасовски: Нема боја што може да ја префарба ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ најавува некаков нов концепт и тоа со истите луѓе што ја разоруваа, ја пљачкаа нашата земја, истите оние луѓе што беа и лева и десна рака и на Груевски и на Мијалков, кои учествуваа во сите криминални активности и си создадоа богатство, рече потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на граѓанската трибина на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“ во Гостивар.

-Денеска нудат нов концепт, нови бои, нови луѓе, а во исто време се борат да заштитат секој еден криминалец, што се изведува пред лицето на правата, тој концепт е осуден на пропаст, рече Спасовски, нагласувајќи дека со ниедна боја не може да се префарба и да се прикрие криминалот и корупцијата што ВМРО-ДПМНЕ ги правеше 11 години.

-Со која боја може да се прекријат 11 милијарди евра, украдени од државата, со која фарба можете да ја скриете Белата палата и сиот раскош во неа, ВМРО-ДПМНЕ стана побогата партија дури и од партијата на Меркел, а денеска ќе кажат дека ќе се залагаат за нешто ново и ќе направат нешто во интерес на граѓаните, порача Спасовски.

Поврзани новости