Мицкоски за Спасовски: Дојде во Гостивар, нервозно ме нападна и се посрамоти

by fokus

Дојде во Гостивар, нервозно ме нападна, ме навредуваше, се посрамоти и си отиде. Министерот кој потпиша македонски пасоши на балкански нарко босови, а нема за македонските граѓани, нема регистерски таблички, осуденици му бегаа од затвори, се прислушуваа обвинители и судии, шверцуваа цигари градоначалници, шверцуваа дрога и мигранти полициски началници и што ли уште не, зборува за реформи!, реагираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на обвинувањата на потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски во Гостивар.

-Јас нема да зборувам на нивото како овој човек. Времето на политичките измамници и циркузанти помина. На народот му се потребни решенија. Мојот сон е Македонија за сите луѓе. Сон кој ќе стане јаве за неколку месеци од денес. Многу чесна работа и откажувања. Безмилосна борба со криминалците и корумпираните во политиката, одговорност…, стоп за срамот и поразите, понуда на победи и успеси. Драги пријатели, ова е нашата понуда, мојот сон за Македонија, а реалноста е понудата на Заев и Спасовски. За неколку месеци од денес, вие одлучувате во каква Македонија сакате да живееме, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Поврзани новости