Спасовски: Не сакам да прејудицирам околу полицискиот час

by Fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска не сакаше да изнесе детали околу евентуалното воведување полициски час, кој е најавен да започне од утре од 22 часот и да трае во наредните две седмици.

– Одлуките кои мораме да ги донесеме, никој не ги посакува, меѓутоа тие се резултат на однесувањето на сите нас. Ако не ги почитуваме препораките, ако не носиме заштитна маска, ако се групираме и правиме настани коишто со сигурност значат ширење на вирусот, тогаш државата во еден момент мора да изреагира. Не сакам да прејудицирам околу полицискиот час. Денеска ќе се разговара за тоа на седница на Влада. Сепак, морам да нагласам дека каква и да биде одлуката, граѓаните мораат да ја почитуваат. Бидејќи истите тие кои сега се жалат што ќе се ограничи движењето, ќе негодуваат и кога ќе продолжи да расте бројот на заразени, нагласи Спасовски.

Поврзани новости