Спасовски не ги открива своите идни политички амбиции

by Fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски не сака да ги обелодени своите планови за политичката кариера во иднина, со оглед на тоа што му останува уште една година владеење со МВР.

„Јас нема да бидам во политиката ако немам политички амбиции и сум долго време тука, меѓутоа политичките амбиции на еден политичар не значат амбиции за остварување на лични цели. Моите политички амбиции се да ги оствариме целите на државата.

Исто како кога како премиер бев дел од потпишувањето на протоколот за членството во НАТО или подигањето на македонското знаме пред НАТО. Следната цел која силно ја посакувам е токму членството во ЕУ да бидеме дел од големото европско семејство, да дадеме сериозна шанса на младите луѓе, тие коишто ќе бидат тука и ќе ја градат Северна Македонија. Така што, тие се моите цели. За личните цели мислам дека ниту е време, ниту има простор сега да разговараме затоа што државата и граѓаните се пред сѐ“, вели Спасовски во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

 

Поврзани новости