Спасовски не чувствува одговорност за бегството на Мијалков и не дава оставка

by fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски прв пат се појави во јавноста по бегството на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков и кажа дека не чувствува одговорност и дека нема да поднесе оставка.

Тој постави неколку прашања меѓу кои и зошто за да се поднесе барањето за притвор се чекало од саботата во 23.30 до неделата во 14.30 часот, со што вината ја префрла кај Обвинителството.

Тој се сомнева дека постои крт во било која од институциите кои долги години беа под режимот.

Спасовски не чувствува одговорност за ова бидејќи, како што рече, за тоа требало да има намерен пропуст. Вели дека одговорноста треба да се бара во непостоењето на системот. Според него, морална одговорност на некој политичар нема да го реши случајот, туку треба да има кривична одговорност за оној кој го сторил пропустот.

– Сега е моментот кога мора да ги насочиме сите сили да го најдеме бегалецот и да го соочиме со лицето на правдата. Бегањето од таа одговорност, носењето на оставка нема да ги реши проблемите, па чија сака нека е. Сметам дека треба да има детална истрага за целиот случај, доколку има било кој, што допринел за оваа ситуација за бегство, не да носи морална, треба да носи кривична одговорност, без разлика дали е министер или некој во службите, Судот или Обвинителството, изјави Спасовски.

Тој вели дека Министерството за внатрешни работи интензивно продолжува со потрагата по поранешниот шеф на УБК. Вчера биле извршени разговори со десет лица, членовите на семејството и обезбедувањето, одземени биле телефони, документација и други  предмети. Исто така биле обезбедени и снимачи од згради и објекти и проверени се и камерите од Безбеден град.

Тој наведе хронолошки информации за тоа што се случувало во саботата и неделата и кажа дека дека во 22 .30 часот во саботата издадена е наредба за прикриено полициско делување, но не и следење на лицето што не можело да се направи без судска наредба.

Поврзани новости