Според информациите на МВР Мијалков е во државава, Спасовски бара да му се конфискува имотот

by fokus

Според сите анализи, проценки и информации на Министерството за внатрешни работи, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков е во државата и не е излезен надвор во странство, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тој бил на стоп листата од 2017 година, односно имал забрана за излегување од државата уште во 2017 година и полицијата во контитунитет обезбедувала информации на граничните премини.

Агенцијата за национална безбедност немала информација дали Мијалков има двојно државјанство и како што рече Спасовски, МВР немало увид во неговите сметки и немало надлежност да бара нивно замрзнување. Сепак Спасовски вели дека на Мијалков треба да му се конфискува целиот имот, стекнат на нелегален начин.

Поврзани новости