Некој од макумината што знаеле го информирал Мијалков и му обезбедил бегство, вели Шекеринска

by fokus

Кај сите органи што потфрлиле ќе мораме да бараме и политичка, но од некои луѓе ќе мора да бараме и кривична одговорност. Ова не се случило само заради некој превид, се случило очигледно заради тоа што некој од малкумината што знаеле, ја споделил таа информација со човекот кој требаше да се соочи со правдата, порача денеска од армискиот полигон министерката за одбрана Радмила Шекеринска по бегството на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

– Пред ова бегство ниту Владата , ниту правосудните органи, ниту државата не смее и нема да затвори очи и реакциите во јавноста и во институциите покажаа дека сите ќе бараме одговори, решителна акција од страна на сите институции што се повикани да обезбедат акција, ќе бараме одговорност затоа што веќе прашањето е како државата да обезбеди луѓе што бегаат од правдата да се соочат со правдата, во исто време органите ќе мора да дадат одговор на прашањето кој го информираше Мијалков, кој го обезбеди и овозможи неговото бегство. И двете работи и очекувања се целосно оправдани и очекувани и ние мораме да дадеме одговор. Кога велам ние зборувам и за извршната власт, меѓутоа и за правосудните органи, кои по овие прашања не можат ниту да молчат, ниту да бегаат од одговорност, изјави Шекеринска.

Американската амбасадорка пак, Кејт Мари Брнз пак не сакаше ништо да додаде и новинарите ги упати во Владата од каде и тие ги добивале информациите. За нивен коментар, рече дека е се уште рано.

Поврзани новости