Спасовски: Наследивме руинирана држава во која се трошеа пари на споменици, а болниците ни се распаѓаа

by Fokus

Премиерот Оливер Спасовски преку својот профил на Фејсбук упати критики кон претходната Влада раководена од ВМРО-ДПМНЕ поради недомаќинското трошење на парите.

Како што истакна тој, неговата партија има спротивен пристап за граѓаните на оваа држава.

„Наследивме руинирана држава во која расипнички се трошеа пари за споменици додека патиштата, болниците, градинките и училиштата ни се распаѓаа.

Ние имаме спротивен пристап.

-Инвестирани 1 милијарда евра во патна инфраструктура.
– Завршена 80% од примарна и секундарна гасификација.
– Градиме 260км автопати, 300км експресни патишта, 900км локални патишта.
– Рехабилитиравме повеќе од 1500км постоечки патни правци
Ги подобривме условите во 28 јавно- здравствени установи и 43 полициски објекти
– Изградивме 3 пречистителни станици.
Изградивме повеќе од 320 социјални станови“, напиша тој на социјалните мрежи.

Поврзани новости