Советник на Чулев е позитивен на корона вирус

by Fokus

Советник во кабинетот на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, е позитивен на Ковид-19, информираат од МВР.

Оттаму посочија дека советникот на се инфицирал додека бил на работното место.

„Советникот последен пат бил на работа на 02.06, а тестот го направил на 06.06, кога е потврдено дека е позитивен. Последната средба на министерот со лицето била на 24.05.2020. Досега ниту едно лице од Кабинетот на министерот не е во изолација. Исто така, ве информираме дека Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки за заштита на сите вработени во министерството“, додаваат од МВР.

Поврзани новости