Нашата цел нема да биде разрешување на кадрите, туку да се стабилизира состојбата и да се врати вербата на граѓаните во институциите, најави денеска Оловер Спасовски, кој ќе биде нов министер за внатрешни работи. Тој додаде дека целта на СДСМ е да бидат дел од контролните механизми на власта, а не да владеат со нив.
Новиот министер ќе може да разрешува луѓе во министерството за внатрешни работи и да ги распределува по позииции. Заменикот на Спасовски, кој ќе биде досегашниот министер Митко Чавков, ќе има право на вето, но само за прашања поврзани со изборите, односно ќе има право на правно вето за организирање на изборите.
Спасовски ќе има пристап и до ДБК и ќе може да започнува свои акции. Тој вети дека во министерството за внатрешни работи ќе има неполитички и непартиски третман, а за сите негови одлуки јавноста ќе биде навремено информирана.