СДСМ: Сега Груевски ќе види како се работи одговорно и транспарентно

by Фокус

-Сега Груевски ќе види како се работи транспарентно, одговорно и во интерес на сите граѓани во Македонија. Ова е нов почеток за сите граѓани на нашата татковина, Република Македонија, се вели во најновото соопштение на СДСМ.

Од СДСМ велат дека за тоа како Груевски ги контролирал и ги партизирал државните институции, судството, како министерствата биле претворени во партиски штабови на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните слушнаа од објавените разговори во рамки на проектот Вистината за Македонија.

-Груевски е уплашен, граѓаните ја преземаат контролата над власта. Никола Груевски е уплашен затоа што започна процес во којшто граѓаните ја преземаат контролата над власта, стои во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости