426
На следните фер и демократски избори ќе се случат промени, a ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски ќе бидат минато, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој е генерален секретар на СДСМ.
– Новата, одговорна влада предводена од СДСМ бескомпромисно ќе се бори против корупцијата и криминалот. Нема да дозволиме да има селективна правда во Македонија. Ќе изградиме едно напредно, успешно општество каде што секој граѓанин ќе живее во слобода, ќе ужива правда, сите граѓани ќе бидат еднакви – рече Спасовски.