Специјалното јавно обвинителство ги обезбедило потребните документи од Централен регистар

by Фокус
Истражителите на Специјалното јавно обвинителство го напуштиле Централен регистар утринава околу четири часот, откако успеале да ги соберат сите документи кој ги барале.
Како што велат од СЈО, се уште ги чекаат материјалите од порачните единици на ЦР, па дел од бараните документи што не им биле предадени ќе бидат обезбедени во понатамошната постапка.
Засега не се открива за која предистражна постапка, но во извештајот за шестмесечната работа на обвинителството беше наведено дека специјалните обвинители работат на 30 истраги во кои се осомничени 80 лица за сторени повеќе кривични дела.
Истражителите на Катица Јанева вчера со неколку полициски службеници ги обезбедуваа сите влезови на зградата на НБРМ со цел да не може никој да изнесе материјали.

Поврзани новости