Свесни дека само ефикасна, силна и задоволна полиција, која работи со полн капацитет и легитимитет, испорачува резултати во сите сфери на работењето, раководството на Министерството за внатрешни работи се заложи за севкупно подобрување на професионалните услови за работа и подигање на социјалниот статус на полициските службеници, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во обраќањето по повод одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“.
„Министерството за внатрешни работи прерасна во институција која што претставува заштитник на слободите и правата на граѓаните, на нивната сигурност и безбедност, како и на сигурноста и на безбедноста на општеството во целина. Полициските службеници веќе се препознаваат како прв пријател кој е најбаран во незгода или во тешка ситуација, создавајќи чувство на доверба, на сигурност кај граѓанинот“, нагласи тој.