Заев: Само со професионализирани и деполитизирани служби можеме да градиме систем кој ќе ги осигура основните функции на полицијата

by Fokus 12:07
12:07

Да се биде заштитник и пријател на граѓаните е голема обврска, но и огромна чест која им е доверена на полициските службеници, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук честитајќи и го Денот на македонската полиција.

– Во период кога се справуваме со сериозна закана од глобалната пандемија, од самиот почеток на оваа здравствена криза полицајците се во првите редови во борбата против коронавирусот. После сите премрежија и предизвици со кои се соочија службите во Министерството за внатрешни работи, денес може слободно да кажеме дека успеавме да ја вратиме основната функција на оваа служба – еден од столбовите кој ја гарантира државноста, основа на безбедноста и во исто време полиција – пријател и заштитник на граѓаните, наведува Заев во фејсбук-статусот.

- Advertisements -

Порачува дека само со професионализирани и деполитизирани служби може да се гради систем кој ќе ги осигура основните функции на полицијата, кои, како што вели, никогаш повеќе не смеат да бидат злоупотребени во политички цели.

– Упатувам искрени честитки до сите полициски службеници за посветеноста и пожртвуваноста при вршењето на должностите и работните обврски, како и до сите граѓани по повод Денот на македонската полиција и заедно да ја унапредуваме службата во сервис и заштитник – пријател на граѓаните, пишува во честитката на премиерот објавена на Фејсбук.

Поврзани новости