Се вакцинираше и министерот Филипче: Вакцините се безбедни, несаканите ефекти се мали!

by Fokus 12:41
12:41

Денеска во СЦ Борис Трајковски се вакцинираше и министерот за здравство, Венко Филипче со кинеската вакцина на „Синофарм“.

Тој упати апел до граѓаните да се вакцинираат и воопшто да не се сомневаат кога станува збор за квалитетот на вакцините.

- Advertisements -

„Пандемијата не научи да бидеме сплотени, да ги почитуваме мерките. Вакцината е нешто што го чекавме долго време и апелирам сите да се свесни дека вакцините се сигурни, безбедни, дека несаканите ефекти се мали. Системот за вакцинација добро се спроведува. Како ќе доаѓаат вакцините, така ќе бидат прераспределени. Јас се вакцинирав со вакцината на „Синофарм“. Втората доза ќе ја примам после три седмици“, истакна тој.

Поврзани новости