Спасовски: Ќе набавиме две нови машини изработка на лични карти и пасоши

by fokus

Наредната година МВР ќе набави две нови машини за изработка на лични карти и пасоши, со што ќе се забрза издавањето на личните документи, најави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Министерот, презентирајќи го буџетот на МВР, најави дека ќе работат на значително подобрување на условите за вработените во МВР, истакнувајќи дека со задоволна полиција ќе имаме и безбедни граѓани.

-Состојбата во полициските станици е многу лоша, поради што се издвоени 40 милиони денари за реконструкција, а 570 милиони денари ќе се вложат во нова опрема за специјалните единици. Над 73 милиони денари пак ќе се издвојат за нови кадети, рече министерот Спасовски, кој додаде дека министерството има и долг од 400 милиони денари за јавни набавки.

Министерот додаде дека ќе работат домаќнски, посочувајќи дека склучиле договор за чистење на простории во МВР „тежок“ 42 милиони денари, а посочи дека претходното раководство, за истата услуга платиле 97,5 милиони денари, иако имале помалку простор за чистење од 7.000 метри квадратни.

Поврзани новости