Спасовски ќе ги враќа полицајците позорникари

by fokus

Во нашата партиска програма предвидено е враќање на маалските полицајци позорникари, изјави вчера министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

-Полицаецот позорникар ќе биде нашиот пријател – заштитник во секое време. Да може секој од нас да му се обрати за каков било проблем. Никој да не се чувствува дека е сам, зашто нема да биде сам. На ова конкретно се обврзуваме во програмата на СДСМ. Полицајците позорникари ќе се грижат за проблемите и потребите на граѓаните. Нашата цел е тие да ја зацврстат довербата помеѓу граѓаните и полицијата, бидејќи тоа може многу да помогне за заштита на секој од нас. Ако граѓаните се чувствуваат безбедно, тие ќе се движат слободно, ќе бидат мотивирани да бидат активни во средините во кои живеат. Така ќе придонесуваат и за развојот на општеството, рече Спасовски.

Тој ова го најави на средба со граѓаните на Карпош, каде рече дека позорникарите ќе патролираат низ населбите за поголема безбедност на граѓаните, намалување  и превенција од кражби, намалување на нарушувањата на јавниот ред и мир и на други девијантни појави.

Поврзани новости