Медведев прогласи победа на партијата на Путин

by fokus

Половина час по затворањето на гласачките места, рускиот премиер и лидер  владејачката партија Единствена Русија, Димитриј Медведев, прогласи победа на парламентарните избори.

Можеме смело да кажеме дека нашата партија апсолутно победи, рече Медведев во седиштето на партијата, каде присутен беше и претседателот на Русија, Владимир Путин, кој е неформален лидер на Единствена Русија.

Фондот за јавно мислење синоќа соопшти дека според излезните анкети Единствена Русија добила 48,7 отсто, Комунистичката партија 16,3, Либерално-демократската партија 14,2 и Праведна Русија 7,6 отсто.

Поврзани новости