Македонско-бугарското пријателство даде поддршка на опозицискиот блок

by fokus

Здружението за Македонско-Бугарско пријателство како дел од граѓанскиот сектор во Македонија денеска даде поддршка на Платформата за демократска Македонија. Ова одлука била донесена викендов на работниот состанок на раководството на Здружението одржан во Прилеп, на кој присуствувале и претставниците на петнаесетте локални ограноци во земјава.

-Како граѓанска организација која голем дел од својата енергија посветува на промовирање на соработката,  дијалогот, размената на идеи, споделување на искуствата, сосема е очекувано дека ние и како граѓани и како организација, не сме воопшто рамнодушни на политичките случувања во нашата земја. Напротив, политичката нестабилност, економската несигурност и неизвесност, придонесоа Република Македонија денеска да биде запоставено подрачје во Европа. Во периодот зад нас, многу од нашите членови својот револт од состојбите во земјава го изразуваа индивидуално како граѓани, денеска тој индивидуален револт, пркос, како и да го наречеме, станува дел од нашите секојдневни обврски како организација, се вели во соопштението од Здружението.

Здружението ги задолжи Петар Колев, Димче Петкоски и Ѓорѓи Трендафилов, да ги усогласат идните активности и обврски кои се однесуваат на Здружението, а произлегуваат од придружувањето кон  Демократскиот фронт за иднината на Македонија и Широкиот опозициски блок, предводен од СДСМ.

Поврзани новости